Монтела: Натпреварот против Франција покажа дека турската репрезентација е способна да игра рамноправно со секој противник

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, е задоволен од изданието на своите избраници и покрај поразот (0:1) од Франција синоќа во Лигата на нации.
-Покажавме карактер и игравме како добро организиран тим… Без разлика со кого се соочуваме, секогаш се обидуваме да ја играме нашата игра. Се боревме добро од почеток до крај и дефинитивно заслуживме повеќе од пораз. Овој натпревар покажа дека сме способни да играме рамноправно со секој противник, изјави Монтела за официјалната веб-страница на УЕФА.
Во второто коло од Лигата на нации, Франција ќе игра против Белгија, додека Турција ќе се соочи со Италија. И двата натпревари ќе се одржат на 28 септември.






