Ковачевски: Употребата на сила против новинарите потсетува на мрачните времиња од минатото кога бевме заробена држава
„Силно го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Употребата на сила против новинарите страшно потсетува на мрачните времиња од минатото кога немавме слобода и демократија и бевме заробена држава“ напиша претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека заплашување на новинари, злоупотреба на моќта и на институцијата МВР е недозволиво.
„Очекувам новинарот да биде ослободен. Слободата на говор и заштитата на новинарите се врвен приоритет во едно демократско општество“ напиша Ковачевски.