Нови детали за убиството на Данка: Едниот брат го пренел телото без знаење на другиот
Д. Д. (50) од селото Злот кај Бор е осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), а татко му Р. Д. (73) и сега веќе починатиот брат Д. Д. (40) се осомничени дека му помогнале во сокривањето на телото на девојчето.
Полицијата се сомнева и дека браќата се скарале при пренесувањето на телото поради што има многубројни нелогичности во нивните изјави за локацијата. Се истражува дали телото неколкупати го пренесувале без знаење на другиот.