Уапсен поранешниот црногорски главен специјален обвинител


Во неделата црногорската специјална полиција ги уапси поранешниот главен специјален обвинител Миливој Катниќ и поранешниот висок полициски функционер Зоран Лазовиќ, осомничени за формирање криминална организација и злоупотреба на службената положба.

Уапсени се по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), кое соопшти дека станѕва збор за еден од најголемите случаи во обвинителството и дека во моментов се спроведуваат дејствија на повеќе места во Црна Гора.

По основ на меѓусебна соработка и повеќемесечно координирано дејствување на Специјалното државно обвинителство, Специјалното полициско одделение и Европол, М.К., поранешниот главен специјален обвинител и З.Л., поранешен помошник директор на Полициската управа се лишени од слобода, поради основано сомнение дека сториле кривични дела создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба“, соопшти портпаролот на СДТ, Вукас Радоњиќ.

„Претресот на нивните станови и други простории во Подгорица, Цетиње, Будва и Бијело Поље е во тек, со цел да се откријат траги од кривичното дело и предмети кои можат да бидат корисни за постапката“, додаде Радоњиќ.

Back to top button
Close