САД уништија 80 дронови, шест проектили лансирани од Иран и Јемен

Американските сили, поддржани од уништувачите на Европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички проектили насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, објави денеска Централната команда на американската армија.

Во саботата вечерта, Иран изврши напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени врвни команданти на Револуционерната гарда.

Нападот, со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, главно лансирани од Иран, предизвика само скромна штета бидејќи повеќето беа соборени од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан.

„ЦЕНТКОМ продолжува да ја поддржува одбраната на Израел од овие опасни акции на Иран. Ќе продолжиме да работиме со сите наши регионални партнери за зголемување на регионалната безбедност“, соопшти американската војска

Back to top button
Close