Британската влада побара од универзитетите да ја прекинат соработката со кинески институт поради шпионажа


Владата на Велика Британија побара од британските универзитети да ја прекинат соработката со Кинескиот институт за истражување на општа технологија (China General Technology Research Institute – CGTRI), за кој разузнавачката служба MИ5 тврди дека е позадина за шпионски активности.

Министерот за безбедност Ден Џарвис изјави дека британските академици треба да ги прекинат сите врски со кинескиот институт.

Британската разузнавачка служба MИ5 соопшти дека повеќе од 100 академици поврзани со Велика Британија работеле на проекти тајно финансирани од кинеската контраразузнавачка служба, преку CGTRI.

Меѓу другото, проектите имале врска со кибер безбедност и вештачката интелигенција.

MИ5 соопшти дека институтот има „многу силни врски со Министерството за државна безбедност на Кина“ и се стреми да финансира истражувања што ги унапредуваат техничките способности на (кинеската држава) за шпионажа.

Back to top button
Close