Курти добил писмо од Франција, Германија и Италија: Не сте го исполниле условот за членство во Советот на Европа

Франција, Германија и Италија испратија писмо до косовскиот премиер Албин Курти, во кое јасно посочуваат дека Косово не ги исполни барањата на меѓународната заедница во однос на членството на земјата во Советот на Европа, сметајќи дека не е направен ниту еден конкретен чекор кон формирањето на ЗСО, и ги повикуваат властите во Приштина да размислат за испраќање на нацрт-статутот до Уставниот суд.
„За жал, чекорите што ги предлагате не ја решаваат итната потреба од конкретни чекори кон формирање на Заедница на општини со српско мнозинство и ризикуваат дополнително да го поткопаат дијалогот што го води Европската Унија“, се вели во писмото објавено од Албаниан пост.






