(ВИДЕО): Дојдоа да си ги гледаат децата како играат фудбал. Наместо да навиваат се истепаа

Голем индицент се случи вчера на натпреварот од детската фудбалска лига, кога за време на мечот родители влегоа на теренот и почнаа да се тепаат.

Немилиот настан се случи на мечот помеѓу тимовите на Сарај и Фит Кит, од генерација фудбалери родени 2012 година што се играше на стадионот во Ново Лисиче. Не се познати причините за инцидентот, а Фудбалската федерација на Македонија изрази длабока разочараност. Она што требаше да биде настан на кој се слави спортскиот дух, тимската работа и радоста на играта беше нарушено со неприфатливото однесување на дел од присутните родители, велат од федерацијата, која одлучи понатамошните натпревари од детската лига да се одиграат без присуство на публика.

Back to top button
Close