Почина Милан Паниќ, поранешниот премиер на СР Југославија


На 97-годишна возраст почина Милан Паниќ, поранешен премиер на Сојузна Република Југославија. Паниќ починал на 24 септември.

Роден е во Белград на 20 декември 1929 година, а како млад заминал во Соединетите Американски Држави, каде што изградил успешна деловна кариера и ја основал фармацевтската компанија ICN. Со години бил на нејзино чело, а покрај бизнисот бил активен и во политиката и во хуманитарната работа.

Во политиката се вклучил во периодот на распадот на поранешна Југославија. Од 1992 до 1993 година ја извршувал функцијата премиер на Сојузна Република Југославија.

Во 1992 година се кандидирал и на претседателските избори во Србија. На изборите во декември завршил на второто место, зад тогашниот претседател и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Слободан Милошевиќ. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close