Заедно живеејќи одвоено: Што е тоа и зошто на некои двoјки им одговара повеќе
Долгите врски често социјално „се мерат“ преку реализација на некои традиционално познати „пресвртни точки“ како оставање четка за заби еден кај друг, давањe клуч од домот и конечно, заедничко живеење. Но, за се поголем број двојки, сепак, заедничкиот живот не е крајната цел: наместо тоа, тие се во врска живеејќи одвоено (leaving apart together – LAT), што за нив е поромантично од споделување спална соба, бања и постојана адреса.
За овие парови, имањето одвоени адреси е тајната за долга, среќна (и здрава) врска, па дури и брак. Љубопитни за овој растечки тренд?
Бевме и ние, па се консултиравме со експерти – Бела Депаоло, Д-р Шери Симс Ален и д-р. Роберт Риордан. Затоа што, ако функцонира за Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг Бред Фалчук (и илјадници луѓе на Редит), можеби ќе функционира и за нас/вас.
„Ние сме во сосема нова ера на парови кои живеат одвоено“, потврдува Депаоло, нагласивајќи дека денеска тоа се почесто е прашање на одлука, а не на нужност. Некои парови секогаш живееле одвоено,но главно затоа што немале избор – можеби едната или двете страни имале одлични работни места во различни градови или земји од кои едноставно не можеле да се откажат.
-Денес, трендот на избор да живеат одвоено, без оглед на работната ситуација, е во пораст. Тоа го рпават бидејќи така одлучиле, или барем една личност во врстака така сака“, вели таа.
Исто како што луѓето избираат да се омажат или да имаат деца подоцна, некои избираат да одат по друг пат кога станува збор за нивниот брак. Ова се случува почесто кај луѓе кои ги поминале своите дваесетти и триесетти сами и живеат сами, за нив почесто е потешко да се откажат од независноста. „Го гледам тоа како можен растечки тренд бидејќи тие наоѓаат начини на поврзување кои нема да ги чинат потполна промена на претпочитаниот начин на живот“, веди Симс Ален.
Според Риордан, податоците потврдуваат дека овој модел функционира. „Истражувањето покажа дека ваквите врски се успешни и често нудат повисоки нивоа на задоволство од врската.
Што значи да се биде заедно живеејќи одвоено?
• Одржување на романтична врска и одвоени домови на неодредено време.
• Некои парови живеат во различни станови во иста зграда или на спротивните страни на улицата. Други живеат во различни градови.
• Многу парови намерно избираат да живеат одвоено заедно и веруваат дека оваа поставеност всушност ја подобрува нивната врска или брак.
• Во голема мера е поттикнато од жени кои сакаат да ја задржат својата независност и партнерство.
Заедничкото живеење одвоено (ЛАТ) се однесува на парови кои се во интимна врска, но избираат да живеат на различни места. „Некои парови живеат во иста станбена зграда, некои на иста улица“, вели Риордан. „Некои имаат куќи една до друга. Во некои случаи, еден член живее во урбана област, а партнерот ужива во мирот на домот во блиското предградие“.
Двојката може да живее одвоено поради различни причини, кои можат да бидат финансиски, лични или и двете – но се почесто станува збор за избор, а не нужност.
„Во нашето општество, погрешно претпоставуваме дека сите невенчани парови кои живеат одвоено привремено се снаоѓаат во финансиски или географски предизвици кои, откако ќе се решат, ќе ја наведат двојката да живее заедно“, вели Риордан. „Сепак, се поголем број парови – и невенчани и во брак – одлучуваат да живеат одвоено на трајна основа бидејќи веруваат дека ваквиот аранжман го вади најдоброто од нивната романтична врска.
Според Риордан, во ваквиот став генерално предничат жените.
„Фаворизиран од многу постари жени кои поминале децении живеејќи под ист покрив со нивните партнери, овие жени изјавуваат дека слободата и независноста во одвоеното живеење се премногу скапоцени за да се откажат. По години грижа за своите сопрузи и деца, овие жени бараат ново поглавје (со ист или нов партнер) каде што приоритетни им се нивните индивидуални потреби“, вели тој.
Таквиот став влијае на ставот на помладите генерации.
„Младите жени – земајќи ги предвид искуствата на повозрасните – се обидуваат да избегнат животна ситуација во која се неправедно оптоварени со трудот, и технички и емотивен, поради тоа што се во конвенционална врска во ист стан. Тие пораснаа со независност дека не сакаат да се откажат“.
Овој растечки тренд ги става под прашање и критериумите за тоа што ја прави една врска функционална, продолжува Риордан. „Прво, ја доведува во прашање идејата дека двајца посветени луѓе мора да делат живеалиште за легитимно да ја изразат својата поврзаност. Второ, ја нарушува идејата дека мораме да функционираме во општеството строго одредени како „самец“ или како „пар“, но не и двете.
Зошто паровите одлучуваат да живеат одвоено?
Паровите одлучуваат да живеат одвоено од различни причини, без разлика дали тоа е затоа што ја сакаат својата осаменост и простор, мораат да бидат на различни локации од работни или финансиски причини или затоа што имаат чувство дека тоа што не се постојаното физички заедно, всушност ја зајакнува нивната врска.
„Да се живее одвоено може да им понуди одредено олеснување на паровите кои го ценат нивниот индивидуален простор, како и времето кое го минуваат заедно“, вели Симс Ален. Ако и двајцата сте воспоставиле кариери на спротивните страни на земјата, но сте се сретнале на лет и сте се заљубиле, можеби ќе одлучите дека е најдобро и за вас и за вашата врска да ги задржите работните места, барем за неколку години. Или можеби едниот ги сака планините, а на другиот му треба океанот, а врската ја негувате и таа функционира.
„Двојката се сака, но не чувствуваат потреба да живеe во иста куќа за да го изрази своето заедништво во таква форма“, вели Симс Ален. „Тие имаат договор кој е надвор од рамката на традиционалниот брак“. Можеби имањето свој личен простор е од клучно значење за вашата благосостојба, а вашиот партнер го разбира тоа. Тоа е разговор што треба да се случи рано и двајцата партнери треба да го прифатат, или барем спремни да го пробаат и да видат дали тој начин на функционирање им одговара на нивната врска.
Добрите страни на заедничкото живеење
Да се има свој простор додека сте во љубовна врска има многу придобивки, од одржување на вашиот индивидуализам до намален потенцијал за недоразбирања.
Можете да се фокусирате на вашите сопствени потреби.
Да се живее одвоено значи да си украсуваш дома како што сакаш, да правиш свој распоред или да се гледаш со пријателите и роднините без да се чувствуваш виновен/на што не го делиш времето со твојот партнер. „Секој партнер може да спие кога сака, да биде неуреден колку што сака и да биде гласен колку што сака“, вели Риордан.
Ќе ги избегнете предизвиците на заедничкиот живот.
Според Симс Ален, брачните двојки кои одлучуваат да живеат одвоено можат да имаат „богат интимен живот кој се фокусира на суштината на врската, а не на секојдневните ситници поврзани со заедничкото водење домаќинство“. Што значи, вашата врска нема да биде под притисок на секојдневните стресови на пример, околу тоа кој не го фрлил ѓубрето и сл.
Паузите овозможуваат вашето заедничко време да биде поврзано со поминување повеќе квалитетно време, наместо само време. Депаоло вели дека кога овие парови се заедно, „тие се фокусираат на она што го сакаат еден кај друг и не трошат многу време нервирајќи се за малите работи“.
Веројатно помалку ќе се расправате.
Заедничкото живеење ги намалува точките на притисок во врската, вели Риордан. „Односите имаат помалку „остри рабови“, бидејќи двојката често се повлекува во одделните станови пред конфликтот да ескалира“, објаснува тој.
Полесно е да се одржи искрата во живот.
Веројатно една од најголемите придобивки од заедничкото живеење е таа повеќегодишна искра. „паровите ја донесуваат оваа одлука врз основа на вистинското верување дека далечината одржува мал копнеж и овозможува страста да се одржи и дополнително да расте“, вели Риордан.
Недостатоци на живеење одвоено
Аранжманот има и недостатоци. Прво и основно, заедничкото живеење е поевтино.
„Ваквиот аранжман доаѓа со финансискиот предизвик за одржување на две домаќинства. За многу парови, оваа опција едноставно не е изводлива“, вели Риордан. Исто така, ако има некакви несигурности во врската, љубомората може да влезе во игра ако едниот или двајцата партнери се чувствуваат како да ги игнорираат или ако се грижат за тоа каде е нивниот партнер/ка, што прави итн.
„Пред сè, најголемата негативна страна на ваквата врска е тоа што ја прави посебна – имено растојанието – исто така има потенцијал да создаде најмногу болка“, вели Риордан.
„Кога сме длабоко вљубени, сакаме физичка близина до предметот на нашата желба. Оддалеченоста од предметот на нашата наклонетост може да поттикне љубомора, несигурност и осаменост. Оддалеченоста, исто така, разбирливо ги зголемува нашите стравови за верноста на нашиот партнер“.
Исто така, постои можност да се разделите и да побарате нова љубов која живее поблиску“ вели Риордан.
Клучот за борба против овие предизвици, според Симс Ален, е да се остане флексибилен. Комуницирајте кога работите не функционираат и останете отворени за потрадиционална рута, ако се покажува дека е подобра за двајцата.
Секоја врска е жива, е процес, и она што функционира добро за неколку месеци или години можеби нема да биде идеално.
Како да знаете дали живеењето одвоено е вистинската опција за вас
Да се има време за себе во одреден момент звучи неверојатно за повеќето парови, но погрижете се да сте целосно посветени еден на друг иако сте на одвоени адреси. Бидете јасни зошто сакате да живеете одвоено и погрижете се да сте сигурни дека едниот партнер не се согласува само за да му угоди на другиот. „Се поставува прашањето дали сте доволно силни во вашата посветеност на вашата врска за да издржите живеење во одделни домаќинства“, вели Симс Ален.
Риордан предлага тест за паровите.
„Ако двете страни сметаат дека одвоеното живеење би помогнало нивната романтична врска да напредува, двојката треба да направи тримесечна проба“, вели тој, истакнувајќи дека ова не е за „оние со слабо срце“.
„Еден од партнерите треба да отиде под кирија или да изнајми опремен Airbnb и сл за да може парот да ги тестира добрите и лошите страни на овој аранжман. Сепак, дозволете ми да бидам јасен: аранжманот ќе пропадне ако едната страна не е целосно посветена. Амбивалентната страна ќе помине низ многу поинакво – и, веројатно, многу болно – искуство за време на овој пробен период на одвоено живеење“.
Симс Ален вели дека знае за пар каде што сопругот живеел во Јужна Африка, а сопругата во Њујорк. Тие го сакале местото каде што секој од нив живее, своите работни места и се сакале еден со друг па, како сè поголем број парови, го направиле тоа функционално.„Да имаш свое место веќе не е толку необично“, вели Де Пауло. „Понекогаш е потребно да се навикнеш да живееш со некој друг“.
Прашања што треба да ги поставите пред да пробате ваква врска
Поставувањето на неколку граници е клучот за успехот, забележува Риордан, кој вели дека треба да ги поставите следниве прашања пред да се посветите:
1. Кои се очекувањата на секоја страна за зачестеноста на контактите? Дали ќе има секојдневна интеракција? Повици? Пораки? Колку секоја страна ќе биде достапна за другата?
2. Каков е договорот околу одговорностите? Дали очекувате вашиот партнер секогаш да ве информира за тоа каде се наоѓа и/или со кого го поминувате вашето време? Дали се очекува романтична и сексуална верност?
3. Какви се финансиските очекувања сега кога парот управува со две домаќинства? Кој за што ќе плаќа?
4. Која е пораката што ќе ја споделите со трети лица, како родители и пријатели? Клучно е тука да се биде обединет фронт.
5. Дали овој аранжман е крајната игра?Може да биде многу болно за едната страна потајно да се надева дека овој договор е само „фаза“.
извор: Brides
превод: Лени Фрчкоска