ТВ 21-ТОШКОВСКИ ГЕН СЕК НА ВЛАДАТА, АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ МВР,МУЦУНСКИ МНР.НИКОЛОВСКИ ЗА ТРАНСПОРТ, ЈАНУШЕВ ЗА ОДБРАНА

Поранешниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде генерален секретар на Владата што ќе ја предводи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пишува ТВ21, кој тврди дека неофицијалниот псисок на владини членови е веќе објавен.
Министер за внатрешни работи треба да биде Александар Јанев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од техничката влада во 2020, кога беше началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал.

Министер за одбрана – Игор Јанушев,
Министер за внатрешни работи – Александар Јанев,
Министер за правда – „ЗНАМ“,
Министер за заедници – Љупчо Димовски,
Министер за надворешни работи и трговија – Тимчо Муцунски
Министер за економски прашања – Алтернатива
Министер за финансии – Гордана Димитриевска
Министер за економија и труд – Бесар Дурмиши
Министер за енергетика – Сања Божиновска
Министер за земјоделство – Цветан Трипуновски
Министер за здравство – Арбен Таравари
Министер за образование и наука – Весна Јаневска
Министер за социјална политика – Фатмир Лимани
Министер за транспорт – Александар Николовски
Министер за екологија – Изет Меџити
Министер за спорт – Борко Ристевски.

Back to top button
Close