Убиен оперативец на Хамас и Ал Џама ал Исламија во израелски воздушен напад во Либан

Ајман Гатма, истакнат оперативец на милитантната група Хамас и египетската радикална исламистичка организација Ал-Џама ал-Исламија, е убиен во израелски воздушен напад во либанската област Западна Бека, соопштија денеска израелските одбранбени сили (ИДФ).

Според ИДФ, Ајман Гатма бил одговорен за снабдување со оружје на Хамас и Ал-Џама ал-Исламија во Либан, објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ соопшти дека нападот со беспилотно летало бил изведен поради вмешаноста на Гатма во извршувањето на нападите врз Израел.

Back to top button
Close