Кинески државен фонд е инвеститорот на Ветерниот парк,првата инвестиција што ја најавува премиерот Мицковски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој првиот ден како премиер го почна од Штип, најави дека инвестицијата за ветерниот парк која официјално ќе биде објавена утре, ќе донесе 100 милиони евра поголем приход во БДП.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, вакви проекти ќе има уште во периодот што следува.

– Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 – 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор. Нема специјални  закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава. Во периодот што следи ќе има уште вакви убави изненадувања, нагласи Мицкоски.
Зад инвестицијата, според најавите, стои „Алказар енерџи“ – одржлив инфраструктурен фонд фокусиран на средни по големина проекти со обновлива енергија.

„Алказар енерџи“, според информациите објавена од самата организација, има седиште во Луксембург, со советодавен тим во Дубаи. Фондот, на чие чело е соосновачот Даниел Калдерон, се фокусира на проекти поврзани со обновлива енергија на пазари во развој во Европа и во Турција.

Досега оваа организација имала една успешна инвестиција АЕП-1 во Северна Африка и Блискиот Исток, бизнис-потфат од кој „Алказар енерџи“ излегол во 2021 година. Фондот сега собира средства за втора голема инвестиција во истата сфера – обновлива енергија за што, според текст објавен во „Ројтерс“, има поддршка од инвеститори од САД и од Европа.

Но, она што е интересно во целата приказна, а не е јавно многу експонирано, е дека „Алказар енерџи“ од август 2021 е под капата на „China Three Gorges South Asia Investment Ltd“.

China Three Gorges South Asia Investment Ltd“ е во сопственост на „China Three Gorges Corporation“ која, пак, е во целосна сопственост на кинеската држава.

Според најавеното, на утрешната промоција на оваа инвестиција на фонд кој е домицилен во Луксмебург, има тим во Дубаи, а сопственици му се Кинези, треба да настапи и неговиот прв човек, Даниел Калдерон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close