Коџаџику: Како може во Грчец да има само 36 граѓани, а 2.000 избирачи?!

„Анализата која што ја направивиме од официјалните бројки на Заводот за статистика, за бројот на гласачи односно жители на ниво на градови и села покажува дека имаме недостиг на регистрирани граѓани. Прашањето е кој ги брише Aлбанците во Северна Македонија. И како може село Грчец да има 36 жители и 2.000 гласачи“

Ова на прес-конференција го изјави Мерита Коџаџику од Демократско движење.

Таа вели дека Заводот за статистика смета дека во селото Грчец во Сарај има само 36 жители.

– Како е можно ова кога ова село има 2.000 запишани гласачи? Оваа појава на нелогични разлики се забележува во повеќето населени места каде живеат Албанци. Од Заводот за статистика или не излеглe да ги регистрираaт овие жители, или по регистрацијата биле избришани со копче. Според последниот попис, Мала Речица има 2.468 жители, но 8.216 гласачи, додека селото Турчан во Гостивар има 1.208 жители, но 4.501 гласач – вели таа.

Како што додава, селото Мало Турчане во Гостивар има 96 жители, но 709 гласачи.

-Јавно прашуваме дали заменик директорот во Заводот за статистика Илми Селами и Артан Груби го имаат информирано Али Ахмети дека во Грчец и во Мала Речица им избришале население? Или да заклучиме дека ДУИ имале намера да ги иселат сите Албанци во дијаспората и едноставно брзајќи, избришаа илјадници Албанци пред да го добиваат тоа што е симболично за нив, куферот за да се истерат од татковината – рече Коџаџику

Back to top button
Close