“Инаку сте сиви како гробар” Бербок од државниот буџет годишно  троши над 136.000 евра за фризура и шминка

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, месечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери. Tие трошоци се покриваат од буџетот.

Бербок ги оправда високите трошоци за шминка и фризура, кои во 2022 година изнесувале 136.500 евра годишно.

Таа им кажа на новинарите дека шминката за телевизиски настапи е неопходна поради рефлекторите во студиото.

„Инаку изгледате како гробар, затоа што сте цели сиви“, рече таа.

Бербок додаде дека не е лесно секогаш да се најде шминкер при патување, особено во странство, па таа секогаш има придружба

Back to top button
Close