Таткото на терористот од Белград: Го регрутираа луѓе од Црна гора. Го оженија за да не може да побегне

Милош Жујовиќ (25), кој во терористички напад пред израелската амбасада во Белград тешко го рани со самострел полицаецот Милош Јевремовиќ (34), според зборовите на неговиот татко, пред четири-пет бил регрутиран од луѓе од Црна Гора.

„Беа од некоја секта. Се запознале преку некој од Црна Гора и го ожениле. Тој С.К. беше во врска со другарката на мојата снаа шест-седум години и ѝ ставил хиџаб на главата. Исто и на оваа, на Милош. Го ожениле за да не може да побегне, инаку тој беше прекрасно дете. После се пресели во Нови Пазар, каде има двајца другати. Тој потоа во џамијата го запозна со Игор Деспотовиќ“, низ солзи раскажува таткото Зоран за Информер..

Потоа откри како неговиот син се оженил со Албанка од Плав.

„Тие беа во Плав, во џамија, каде што се венчаа. Таа го зема името Иман, а тој Салхудин, јас мислев Сабахудин. Појма немам, ништо не знам… Сега внукот ќе наполни една година на 4 јули“ додава Зоран.

Вели дека е добро што полицаецот е надвор од животна опасност и дека бил загрижен за него.

Back to top button
Close