Незгодни прашања за министерот Љутков во Мала Преспа за пописот: Македонско културно лето е за бугарските граѓани

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков при вчерашната посета на селото Глобочани во Мала Преспа, Албанија беше дочекан со незгодни прашања од албанските новинари кои се однесуваа на незадоволството од македонската страна за резултатите од пописот во Република Албанија при што драстично беше намален бројот на припадниците на македонското малцинство на сметка на бугарското малцинство во оваа соседна земја, пишува Слободен печат.

– Не сум информиран како се одржа овој попис во Албанија, но ова е дипломатски проблем, оставив на албанската држава да разговара и ние ќе дадеме свое мислење. Индивидуално право на секој граѓанин е да се изразува како што мисли и на крајот ќе оставиме државните институции да го кажат последниот збор – рече Љутков.

– Не сум информиран како се одржа овој попис во Албанија, но ова е дипломатски проблем, оставив на албанската држава да разговара и ние ќе дадеме свое мислење. Индивидуално право на секој граѓанин е да се изразува како што мисли и на крајот ќе оставиме државните институции да го кажат последниот збор – рече Љутков.

Министерстерот Љутков го отвори 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец, но албанските новинари го прашаа дали е тоа активност за бугарските граѓани и за оние кои се во процес на вадење на бугарски пасош од селото Глобочани, на што тој одговори:

– Скоро сите овде секогаш биле информирани дека тоа се денови на македонската култура во Преспа, Албанија. Ние, како Министерство за култура на РСМ нагласуваме дека скоро секоја година во последниве 19 години се одржуваат „Деновите на македонската култура во Преспа, Албанија“, бидејќи културата ги обединува луѓето, Македонците, Албанците итн. Исто така, Пописот што се одржа во нашата земја во месеците септември-ноември 2023 година даде појасна слика за етничкиот состав кај нас – изјавил Љутков, според албанските медиуми.

Инаку, според податоците на албанската служба за статистика ИНСТАТ, бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7.957, додека бројот на Македонци е 2.281. На претходниот попис во Албанија во 2011 година биле регистрирани 5.512 Македонци.

 

Back to top button
Close