Ќе се сослушуваат тројца нови сведоци за убиството на малата Данка

Во Вишото Јавно обвинителство во Заечар за денеска е закажано сослушување на нови сведоци во истрагата за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, која, како што се сомневаат, ја убиле работниците на ЈКП „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ (50) и Срѓан Јанковиќ (50).

– Во прашање се двајца соседи од Бањско Поле, од кои не се очекува ништо пресудно. Но, властите ги контактирал човек од Бор, кој е трет сведок, кој рекол дека џогирал точно во моментот кога осомничените биле на отпадот и наводно го фрлиле телото – изјавил изворо за српските медиуми и додал.

– Што точно видел, зошто излегува дури сега, ќе дознаеме. Постои можност неговото сведочење да докаже дека навистина го фрлиле на буниште убиеното тело …

Инаку, осомничениот Дејан Драгијевиќ, кој на рочиштето во обвинителството по апсењето го призна делото и детално го опиша, побара обвинителството повторно да го сослуша.

За убиството на Данка, да потсетиме, осомничени се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот кај Бор, кои го признале делото велејќи дека девојчето го удриле со возило на ЈКП „Водовод“ по што едниот од нив ја задавил

Back to top button
Close