Хамас: Нетанјаху поставува пречки во преговорите за прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поставува пречки на патот на преговорите за прекин на огнот во услови на тековни разговори за постигнување договор за ставање крај на војната во Газа, соопшти денеска палестинската милитантна група Хамас.

Во денешното соопштение Хамас ги повика посредниците да ги спречат „маневрите и злосторствата“ на Нетанјаху.

Претходно денеска, Нетанјаху објави четири непреговарачки услови за примирје во енклавата, од кои еден предвидува дека секој потенцијален договор мора „да му дозволи на Израел да се врати во борбите додека не ги постигне сите цели на војната“.

Back to top button
Close