Пожарникари вадеа деца заборавени во заклучени автомобили

Пожарникарите од Сплитската јавна противпожарна бригада и доброволната противпожарна единица Каштела вчера имале две интервенции за извлекување на деца од заклучени автомобили- пишува Курир. За среќа двете приказни имаат среќен крај, децата се успешно извадени од автомобилите. Ова се смета за кривично дело, повреда на правата на децата, за што е предвидена казна затвор до 15 години.

Едното дете било оставено заклучено во Макарска, а драмата се случувала околу 17:00 часот. Во интервенцијата учествувале спасувачите од ЈВП Макарска со едно возило и тројца пожарникари. Нешто слично се случило вчера и во Каштел Лукшиќ. И тука детето останало заклучено во возилото, а пријавата пожарникарите ја добиле околу 20 часот и 34 минути. Оставањето на дете без надзор во затворено возило грубо го запоставува и злоупотребува детето, што е карактеристика на кривичното дело Повреда на детските права.

Последиците може да бидат смрт на детето или сериозно нарушено здравје. Одговорното лице ќе се казни за сторено потешко кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 1 до 15 години

Back to top button
Close