Филипче: Сеќавањето на Сребреница нека биде поттик да се бориме против омразата и нетрпеливоста во секој облик

Лидееот на СДСМ,Венко Филиоче упати порака помповод Денот на сеќавањето на жртвите на Сребреница:

Сеќавањето на жртвите на Сребреница секогаш ќе биде длабока рана во срцата на преживеаните и на целиот свет. Сите ние треба да бидеме солидарни со семејствата на жртвите, ваквите настани треба да ни се потсетник колку е важен мирот, соживотот, правдата и помирувањето. Градејќи соживот и добрососедски односи, почитувајќи ја културната, етничката и верската различност на соседите создаваме хармонични општества.

Сеќавањето на Сребреница нека биде поттик да се бориме против омразата и нетрпеливоста во секој облик и да изградиме општества кои се темелат на почит, разбирање и заеднички напредок.

Back to top button
Close