Меланија Трамп атентаторот на Доналд го нарече монструм
Меланија Трамп – сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нарече напаѓачот на нејзиниот сопруг „монструм“.
Таа во изјава објавена на мрежата X напиша дека нејзиниот живот и животот на нејзиниот син Барон биле „на работ на катастрофална промена“ кога видела дека куршумот го погодил нејзиниот сопруг.
Меланија Трамп е во брак со милијардерот од 2005 година.
„Да се потсетиме дека различните мислења, политики и политички игри се инфериорни во однос на љубовта. Ајде да се обединиме сега“ рече Меланија.
Ја пренесуваме нејзината објава