ФОТО: Една година по раѓањето на синот: Павле и Ирина Камилоски објавија дека повторно ќе станат родители

Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Камилоска (поранешно Дишовска) се венчаа во февруари минатата година, а неколку месеци подоцна, на 18 јуни, нивното семејство се прошири со синот Јосиф.

Сега, Ирина на социјалните мрежи откри нова радосна вест пред јавноста. Имено, заљубениот пар го очекува своето второ дете.

Ирина, сподели фотографија на која позира во цветен тесен фустан, каде ѝ се наѕира нејзиниот труднички стомак. Покрај тоа, таа сподели уште една фотографија на која се прегрнати со сопругот Павле и синот.

„Уште едно бебе на пат“, напиша кратко покрај фотографиите.

Под објавата добија голем број честитки

Back to top button
Close