Видео: Паднати гранки, поплавени улици – Кратко невреме со силен ветер во Скопје

Кратко невреме го зафати попладнево Скопје, проследено со дожд и силен ветер. Во одредени реони како што е Аеродром и Ново Лисиче снемало струја, а дел од семафорите не работат.

Кратко време откако беше нормализирано напојувањето со електрична енергија, снабдувањето повторно е во прекин во делови од Аеродром.

Преходно, жители од Лисиче рекоа дека од ЕВН ги информирале дека станува збор за паднат 10-киловолтен далекувод и дека не се знае колку време ќе трае прекинот во снабдувањето со струја.

Во одредени делови на Скопје дел од улиците се поплавени, а поради паднати гранки од дрвја, на повеќе места има застој во сообраќајот

Back to top button
Close