(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот кај Битола му се заканува на Пелистер

Штотуку ми јавија дека пожарот што изби кај Битола се движи кон планината Пелистер и претставува голема закана за зимзелените дрвја и нашиот фокус најверојатно ќе биде ставен овде, изјави вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информира дека во текот на денот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворено, од кои сѐ уште активни се 13.

Како што изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дождот помогнал во гаснењето на огнот на планината Серта во Општина Неготино. Но на Серта и натаму гори и има активни жаришта.

Според него, голема опасност му се заканува на Пелистер.

„Штотуку ми јавија дека пожарот што изби кај Битола се движи кон планината Пелистер и претставува голема закана за зимзелените дрвја на планината Пелистер и нашиот фокус најверојатно ќе биде ставен овде“,рече Ангелов.

Меѓу општините во кои пожарите беснеат во моментов се Чашка, Росоман, Студеничани, Штип, Долнени и други. Еве детален преглед според информацијата на ЦУК:

Општина Чашка: с. Јаболчишта и с. Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)

Општина Росоман: с. Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација)

Општина Студеничани: место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума)

Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в. Хаџи Реџепи (ниска вегетација и грмушки локализиран)

Општина Чашка: с. Габровник префрлен пожар од с. Слепче (мешана шума и ниска вегетација)

Општина Долнени: с. Слепче и с. Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума)

Општина Конче: с. Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума, локализиран)

Општина Делчево (градска депонија)

Општина Македонски Брод: с. Слатина, кај Грешница (нискостеблеста шума, ниска вегетација)

Општина Македонски Брод: с. Девич (дабова шума)

Општина Василево: помеѓу селата с. Вељуса и Ангелци (ниска вегетација ) Локализиран

Општина Велес: над гробишта кон с. Оризари и градот (висока сува трева и нискастеблеста жбунец)

Општина Пробиштип: с. Гајринци (нискостеблеска и висока трева)

Според ЦУК, изгаснати се вкупно 16 пожари:

 

Општина Битола: Гермаски гробишта нас. Баир (Ниска вегетација и шума)

Општина Крушево: Градска депонија, (борова шума и ниска вегетација)

Општина Аеродром: нас. Лисиче (ѓубре)

Општина Арачиново: с. Арачиново (ниска вегетација)

Општина Зелениково: с. Дејковец (високостеблеста вегетација)

Општина Кавадарци: с. Шивец (ниска вегетација)

Општина Росоман: с. Трстеник (ниска вегетација)

Општина Штип: с. Радиње (стрниште)

Општина Пробиштип: с. Лезово (ниска шума и грмушки)

Општина Тетово: Палма Мол (ѓубриште)

Општина Гостивар: нас. Питарница (ѓубриште)

Општина Радовиш: кај с. Штурово (Ниско стеблесна шума)

Општина Неготино: с. Калањево (ниско стеблеста шума и грмушки)

Општина Ново Село: с. Бадилен (дабова шума и борова шума)

Општина Гевгелија: Помеѓу с. Негорци и с. Кованец (мешана шума)

Општина Зелениково: с. Вражале (ниска вегетација и шума)

МВР: Најстроги казни за намерно или ненамерно предизвикување пожари

Back to top button
Close