УНХЦР: Во Појасот Газа се шири анархија

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации предупреди дека во Појасот Газа се шири „анархија“ со грабежи, убиства и престрелки, додека населението се соочува со акутна хуманитарна криза.

Според Аџит Сунгхаи, кој ја предводи канцеларијата на ОН за човекови права во Појасот Газа и Западниот Брег, убиствата и грабежите во отсуство на спроведување на законот се поврзани со „уништувањето на Израел на локалниот капацитет за одржување на јавниот ред и безбедност во Газа“.

„Нашата канцеларија ги документира наводните убиства на локалната полиција и хуманитарните работници, како и прекинот на снабдувањето неопходно за опстанок на цивилното население. Анархијата расте“, рече Сунгхаи, кој вчера се врати од посетата на Појасот Газа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close