Замрзнато месо за тигарот во врелиот Рим
Со денови луѓето во Југоисточна Европа страдаат поради високите температури кои достигнуваат над 40 степени Целзиусови.
Од врелиот бран се погодени и домашните, како и туристите и во Шпанија, Грција и Италија. Во градовите Кордоба и Севиља денеска се очекува живата во термометарот да се искачи до 44 степени.
Во Грција археолошките локалитети, како Акрополис во Атина и античките градови се затвораат од пладне до 17 часот, а расте опасноста од пожари.
Од жештините на мака не се само луѓето, туку и животните. Надлежните во зоолошката градина во Рим затоа на тигрите им даваат замрзнато месо за да ги разладат. (Dw)