Уапсен маж кој им се заканувал на Трамп и на Венс
Полицијата уапси маж од Флорида кој е обвинет дека преку социјалните мрежи им се заканувал на поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп и на неговиот кандидат, сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс, објавија американските медиуми.
Според полицијата приведен е Мајкл Вајсман кој им се заканувал на политичарите дека ќе ги убие јави Си-ен-би-си.
Тој не дал отпор при апсењето и бил одведен во затворот во Палм Бич, изјави полицискиот службеник Дон Хенеси.
Како што е наведено, Вајсман во неколку наврати постојано им се заканувал на Трамп, Венс и нивните семејства преку Фејсбук