Нетанјаху во вторник во Вашингтон ќе се сретне со Бајден
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е поканет да зборува во американскиот Конгрес, треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во вторник во Вашингтон, соопшти денеска кабинетот на израелскиот премиер.
„Средбата на премиерот Бенјамин Нетанјаху со американскиот претседател Џо Бајден ќе се одржи во вторник“, се вели во краткото соопштение од кабинетот на Нетанјаху.
Се додава дека Нетанјаху утре наутро со авион ќе замине за главниот град на САД.
Тој во среда треба да се обрати пред американскиот Конгрес