Портпаролка на НАТО: Повеќе од 500.000 војници се во состојба на готовност
Повеќе од 500.000 воен персонал на НАТО во моментов се во состојба на готовност, потврди портпаролката на воениот блок, Фарах Даклала.
„Од 2014 година, НАТО ја претрпе најзначајната трансформација во нашата колективна одбрана во една генерација“, изјави Даклала за Си-Ен-Ен.
„Ние ги поставивме најсеопфатните одбранбени планови од Студената војна, со во моментов повеќе од 500.000 војници во состојба на висока готовност“, посочи таа.
Соопштението следи по Декларацијата на Самитот во Вашингтон, каде што лидерите на НАТО потврдија дека Украина е на „неповратен пат“ кон алијансата.
Во соопштението се нагласува посветеноста на НАТО за изолација на Русија, зајакнување на безбедноста на нејзиното источно крило и зголемување на воената помош за Украина.