(ВИДЕО) Повторно се активираше пожарот кај пехчевско Негрево

Голем пожар денеска повторно активиран над селото Негрево кај месноста Буковик.

Пожарот се заканува да зафати дел од куќите.

Градоначалникот Александар Китански на фејсбук упати апел до сите кои се во можност да излезат на терен и да помогнат во локализирање на стихијата.

Пожарот се активираше околу 15:30 часот.

На терен моментално се пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, Територијалната противпожарна единица од Берово и месно население.

-Апелираме за помош и од други лица, за да помогнат да се изгасне пожарот. Апел до сите граѓани од Пехчево и околината да внимаваат, бидејки при високи температури може да настане пожар од големи размери, информира пожарникарот Марјан Митриновски.

Нови детали за пожарот од терен се најавени во текот на денот.

.

 

Back to top button
Close