Две години го криела мртвото тело на мајка си во ќебе
Жителите на Појата, блиску до Чичевац, биле затечени од веста дека нивната сосетка Вера М.(66) цели две години ја криела смртта на нејзината мајка В.М.(88). Телото го сокрила телото во еден од креветите во семејната куќа, завиткано во ќебе.
Според првичните информации ќерката ја прикрила смртта на мајка си за да продолжи да ја зема пензијата. Но, како што велат за „Политика“ од Вишото јавно обвинителство во Крушевац, покојната не била корисник на пензија.
-Обвинителството ќе ги собере сите потребни информации и ќе ги спроведе сите потребни доказни дејствија за кои се наметнува потреба за расветлување на овој настан. Потоа ќе донесат одлука за натамошниот тек на постапката- пишува весникот.
На прашањето дали имало претходни пријави до надлежните институции за насилство во ова семејство, од обвинителството одговориле негативно, а до одговорите на клучните прашања поврзани со трагичниот настан треба да се дојде во текот на истрагата.