Во 2007 Вилијам ја напуштил Кејт Мидлтон. Кога сакал да и се врати го прифатила но само под овој ултиматум
Врската на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во 2007ма поминала низ прилично бурен период. Во еден момент ситуацијата била толку лоша што сегашната принцеза од Велс морала да му постави ултиматум на својот иден сопруг. Без тој услов, нивната венчавка немаше да се случи и историјата на британското кралско семејство веројатно би била сосема поинаква.
Кејт Мидлтон и принцот од Велс се пример за пар кој се познава уште од мали нозе. Биле пријатели, па љубовници, но врската која со текот на времето прерасналс во многу постабилна врска, поминала низ голема криза во 2007 година.
Славниот пар студирал на Универзитетот Сент Ендрју во Шкотска таа година. И додека се шпекулираше дека Вилијам ќе ја запроси Кејт, тој имал поинаков план. Ја напиштил својата девојка. Роберт Џобсон пишува за ова во својата книга „Кетрин, принцезата од Велс: Биографија“.
Вилијам чувствуваше дека им треба „простор“ за да го најдат „својот пат“. Принцот во тоа време бил во војска додека Кејт работела како асистентка за продажба во Jigsaw. За работите да бидат уште покомплицирани, била вклучена и друга жена. Принцот Вилијам ја „изгубил главата“ по Изабела, тој упорно и се додворуваше, но таа одби да биде во врска со него. Ако Изабела го прифатела додворувањето на Вилијам, тоа веројатно ќе било дефинитивен крај за него и Кејт и крај на секоја шанса за помирување по раскинувањето.
„Малите“ нешта го диктираат животот и можат да го свртат за неколку секунди. Додека бил вљубен во Изабела, Вилијам и рекол на Кејт дека не може да и вети брак. Во 30-минутниот телефонски разговор, кога и кажал дека ја прекинува врската, и двајцата признале дека сакаат различни работи.
„Тоа било катастрофален удар за Кетрин која се чувствувала двојно изневерена откако била напуптрна и тоа преку телефон. Иако не било прв пат Вилијам да бара пауза од врската, се чинело дека тоа е конечниот крај“ пишува Џобсон. Кога добил „не“ од Изабела и откако поминале два месеци од раскинувањето , Вилијам сакал да се смири со Кејѕ, но се плашеше дека сега таа нема да го сака истото.
Потоа се сретнале на маскенбал на заеднички пријател и хемијата проработила. Се случило помирување, а потоа парот заминал на романтичен одмор на Сејшелите. За време на тоа патување, Кејт му поставила ултиматум на Вилијам.
Џобсон тврди дека принцезата и принцот склучиле таен договор дека сигурно ќе се венчаат во блиска иднина. Кејт сакала да се увери и не прифатила понатамошна врска без ветување за брак
До април 2008 година, Вилијам се квалификуваше како пилот што значелл дека ќе работи за РАФ во следните пет години. Две години подоцна, Кејт станала нестрплива и му ставила до знаење дека не е задоволна со врската на далечина. Тие нашле селска куќа со четири спални соби во близина на неговата база каде што живееле заедно додека Кетрин работела како веб-дизајнер за нејзината семејна компанија. Таа призна дека понекогаш била осамена, особено кога Вилијам имал ноќни смени.
Вилијам ја запросил Кејт во 2010 година за време на патувањето во Кенија. Кејт изјави за ITV по свршувачката: “Во тоа време не бев многу среќна поради тоа, но тоа ме направи посилна личност. Учиш работи за себе што можеби не си ги знаел. Мислам дека кога си млад, врската одзема доста од вашето време“. Вилијам додаде: „И двајцата бевме многу млади, двајцата се баравме себеси и имавме различни личности. Се обидувавме многу да го најдеме патот и растевме, па си дадовме малку простор и успеавме.”
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се венчаа во 2011 година во Лондон. Тие имаат три деца, принцот Џорџ Луис Александар, принцезата Шарлот Елизабет Дијана и принцот Луис Артур Чарлс. .