Стејт департмент: Неправедно задржаните Американци моментално патуваат назад во САД

Од американскиот Стејт департмент потврдија дека Пол Вилан, Еван Гершкович и Алсу Курмашева, кои се наоѓаа во затвор во Русија и кои денеска беа ослободени во голема размена на затвореници меѓу Западот и Русија, патуваат назад во САД. Со нив доаѓа и политичкиот затвореник Владимир Кара-Мурза, истакнат руски опозициски политичар и новинар, кој поседува двојно руско и британско државјанство и американска зелена карта.
-Преку извонредните напори на безброј луѓе во Стејт департментот и во нашата влада, САД успеаја да постигнат договор за обезбедување на нивната слобода, како и на Владимир Кара-Мурза и уште дванаесет други затвореници во Русија, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен
-Благодарни сме за поддршката што ја добивме од повеќе наши сојузници кои го направија овој договор возможен, особено Германија, Полска, Норвешка и Словенија. Исто така, го цениме напорот на турската влада што обезбеди локација за безбедно враќање на овие лица во САД и Германија, рече Блинкен
-Преку многу тешки разговори во изминативе години, им кажав на семејствата на неправедно задржаните во Русија дека не ги забораваме. Знам дека многупати во текот на годините тие се запрашуваа дали нашата работа ќе даде резултати. Но, исто така знам дека никогаш не ја изгубија надежта, и ние исто така не ја изгубивме, изјави државниот секретар
Тој додаде дека под лидерство на претседателот на САД Џо Бајден, американскат авлада досега успеа да ослободи десетици Американци кои беа заложници или неправедно задржани во повеќе земји.
-Моето ветување до семејствата на оние кои сè уште се разделени од своите семејства е исто како и она што го дадов на оние што денес се враќаат дома. Нема да ве заборавиме, и нема да се одмориме додека не ги видите своите сакани повторно. к

Back to top button
Close