На Аца Пејовиќ вриело народ, на Лени Кравиц далеку помалку. Авалон: “Не ја оставаме земјата на простаклукот, шундот и на кичот”
Организаторот на концертот, Авалон продукција, разочаран од условите за организација на големиот настан. Публиката задоволна од настапот на Кравиц, но сепак малубројна.
Публиката со задоволство го проследи извонредниот настап на големата ѕвезда Лени Кравиц во Охрид во неделата вечер, но и организаторите и посматрачите очекуваа повеќе посетители.
Организаторот на концертот, Авалон продукција, се жали на условите за организација на овој ексклузивен концерт.
– Полесно е да нaправиш Формула 1 во Маврово отколку да организираш овде концерт, после ваква „величествено сељачка агенда“, каква што имаше објектот пред концертот на Лени Кравиц, што го доведе во прашање неговото организирање – напиша на Фејсбук Бобан Милошевски од Авалон.
Тој се пожали дека им бил забранет влезот на стадионот да саботата во 24 часот, затоа што имало, како што напиша, „ексклузивен концерт на ѕвездата Аца Пејовиќ, кој е толку ексклузивен што уште во Долно Коњари нема пеен
– Не ја оставаме земјата на простаклукот, шундот и на кичот – напиша Бобан Милошески.