Австриска разузнавачка агенција: 19-годишниот симпатизер на ИД планирал самоубоствен напад, а цел му била публиката

19-годишниот симпатизер на ИД, уапсен во Австрија, планирал самоубиствен напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена, со цел – да убие многу луѓе, објави попладнево австриската разузнавачката агенција.

„Тој рече дека имал намера да изврши напад користејќи експлозиви и ножеви“, рече на прес-конференција шефот на австриската разузнавачка агенција (ДСН), Омар Хаијави-Пирчнер. „Неговата цел беше да се убие себеси и голем број луѓе за време на концертот, или денеска или утре“.

Тројца тинејџери на возраст од 19, 17 и 15 години се третирани како осомничени за наводни планови за извршување терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена, објавија виенските медиуми.Според директорот на ДСН, Хаијави-Пирчнер, младиот човек ја изразил својата идеологија на интернет, прифаќал и споделувал пропаганда на ИД. Инспекторите пронајдоа упатства за правење бомби во негов стан . Пронашле и 21.000 евра во готовина, анаболни материи, осигурувачи, жица за осигурувачи, експлозиви и водород пероксид.

Вториот осомничен, 17-годишник, ја прекинал врската со својата девојка непосредно пред апсењето. Според ДНС, тој бил вработен во фирма за заштита на објекти во близина на локацијата на настанот. При неговото апсење била откриена и пропаганда на ИД. Тој се уште не дал изјава. 15-годишен Австриец со турски корени, кој исто така беше сослушан, ги потврди тековните резултати од истрагата.

Како мерка на претпазливост, трите масовни настани закажани за оваа недела беа откажани во рок од 24 часа од првото планирано појавување на Свифт денеска.

Според австриската влада, нивото на закана било „многу сериозно“.

Back to top button
Close