Влада: Афрона Веризволи утре ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите

Назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите, информираат од Владата.

– Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра, брифираат од Владата.

Оттаму наведуваат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат „како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби“. – Одговорност ќе има, се наведува во информацијата од Влада.

Медиумите денеска објавија дека ЕУ ќе испитува дали Владата поставила несоодветна главна ревизорка за Европските фондови и дека не се знае дали новоименуваната Афрона Вервизоли воопшто има лиценца за ревизорТаа е банкрски работник на шалтер а за позицијата главен ревизор за ЕУфондовите ја предложи владеачката коалиција Влен.

Попладнево партијата објави дека нема лиценца за ревизор и нема работно искуство во таа област. Сепак Влен соопштија дека привремено додека се стекне со лиценца за ревизор тие ќе назначат друго лице а Афрона ќе се врати на позицијата главен ревизор на парите од фондовите на ЕУ штом ги исполни условите односно штом добие ревизорска лиценца.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close