Трудо ги повика Канаѓаните да го напуштат Либан

Постои реален ризик од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран, а Канаѓаните треба да го напуштат Либан додека можат, бидејќи Отава можеби нема да може да ги евакуира сите ако ситуацијата се влоши, рече премиерот Џастин Трудо.

(FILES) In this file photo taken on March 19, 2020, Canadian Prime Minister Justin Trudeau speaks during a news conference on COVID-19 situation in Canada from his residence in Ottawa, Canada. – Canadian Prime Minister Justin Trudeau said April 23, 2020 the army would be sent in to help Ontario and Quebec provinces combat coronavirus outbreaks at long-term care facilities hardest-hit by the pandemic. “There have been requests for military assistance by both Ontario and Quebec which, of course, we will be answering,” Trudeau told a daily briefing. (Photo by Dave Chan / AFP)

-Гледаме дека ризикот од ескалација е реален, предизвиците во регионот се значајни. Ние правиме одредени подготовки за да можеме да обезбедиме поддршка во случај работите да станат многу, многу полоши, но ситуацијата е толку страшна што можеби нема да можеме да ги извлечеме сите Канаѓани, изјави Трудо пред новинарите во Онтарио.

 

Стравот од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток се зголеми откако на крајот на јули во Бејрут беше убиен командантот на либанското движење Хезболах, Фуад Шукр, а во Техеран беше убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија.

Иран и Хезболах најавија дека ќе се одмаздат за тие напади, но тоа се уште не се оствари. Многу земји во меѓувреме ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Либан, а САД, најважниот сојузник на Израел, го зголемија своето воено присуство во регионот.

Back to top button
Close