МВР: Хеликоптер „Ми -171“ исфрли 83 тони вода при гаснење на пожарите кај Кочани и Маврови Анови

Хеликоптер на МВР денеска исфрли вкупно 83 тони вода во гаснењето на пожарите кај Кочани и Маврови Анови, информира Министерството за внатрешни работи.

– Хеликоптерот „Ми -171“ од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови. Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода, се вели во соопштението од МВР.

Back to top button
Close