Во Боцвана пронајден вториот најголем дијамант во светот

Канадската рударска компанија „Лукара Дајмонд Корп“ денеска ја информира светската јавност дека во нивни рудник во Боцвана ископала дијамант од 2.492 карати, што е најголемиот дијамант некогаш откриен во оваа земја и втор по големина во светот.

Канадската компанија соопшти дека дијамантот е пронајден и ископан во рудникот за дијаманти „Карова“, во северниот дел на централна Боцвана.

-Ова откритие не само што го покажува исклучителниот потенцијал на нашиот рудник „Карова“, туку и ја поддржува нашата стратешка инвестиција во најсовремената технологија KSRT, рече претседателот и главен извршен директор на „Лукара“, Вилијам Ламб.

Претходно, во 2019 година во овој рудник беше откриен дијамант од 1.758 карати, како и дијамант од 1.109 карати во 2015 година.

Back to top button
Close