Приватните превозници на средба со надлежните, ако не се постигне договор ќе бидат уште поригорозни: „Нашите проблеми тешко се решаваат со градоначалничката на Скопје
Автобускиот превоз во Скопје од денеска е редуциран. Приватните превозници одлучија да сообраќаат само наутро, од пет часот.
Според изјавата на претставник на приватните превозници за „Макфакс“ еден автобус ќе вози само една тура, на една линија.
„Денеска редуцирано сообраќаат автобусите со број: 45, 23, 63, 73, 61, 22, 52, 54, 19 и 20“, потврдиле од приватните превозници за „Макфакс“.
Од таму појаснуваат дека имаат неисплатен долг, кој за трите фирми заедно изнесува над 120 милиони денари. Истовремено бараат и покачување на цената на изминатиот километар.
…