Муцунски бил разочаран од председателот на историската комисија а ни збор што неговиот шеф академикот го нарече коленичар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изрази разочараност од однесувањето на историчарот Драги Георгиев, кој како што рече, деновиве гледа како „еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира додека е се уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите“. Според Муцунски, политичарите и министрите имаат легитимитет од страна на граѓаните да носат политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа.

Тој нагласи дека со однесувањето на претседателот на Комисијата со Бугарија, Драги Георгиев, се „поткопуваат надворешно-политичките позиции на државата“.

– Прилично сум изненаден што деновиве гледам еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира и додека е се уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите. Со тоа се поткопуваат на надворешно-политичките позиции на државата. Ние, политичарите и министрите имаме легитимитет од страна на граѓаните да носиме политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа и искрено сум разочаран од таквиот пристап што го гледам деновиве, изјави Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија посочува дека интересот на државата треба да биде пред се и над се, а доколку имаат забелешка, на двајцата претседатели на Комисиите кои што се уште се активни „мојата врата е отворена и била отворенa

Муцунски не ја коментираше изјавата на премиерот дека председателот на историската комисија академикот Георгиев не направил ништо во преговорите со бугарската историска кимисија туку за цело време како што рече коленичел пред министерски и премиерски врати. Денешнава изјава на Муцунски е да му даде подршка на злобната изјава на Мицковски дека академикот бил коленичар, Инаку Ангелов за тв сител најави дека мандатот на комисијата е до 15 ти месецов и не планира да бара уште еден.

Back to top button
Close