Пратеничката Василевска обвинуваше за изнесени деца од државата, ама не пријавила во МВР
Речиси 30.000 прегледи на социјалната мрежа фејсбук има неодамнешната изјава на пратеничката Иванка Василевска, од ВМРО-ДПМНЕ, со која упатува сериозни обвинувања кон претходната власт, за негрижата кон децата без родителска грижа, сместени во малите групни домови.
Па така, гласно одекна во Собранието и на фејсбук, дека државата ги заборавила овие деца, па дел станале проститутки, а дел биле изнесени од државата!
-Каде се децата што ги раселивте по домовите? Колку инспекции направивте? Колку од нив се на улица? Колку се проститутки? Колку се заминати и изнесени од државата? Тоа се прашањата кои што морате да ги одговорите пред македонската јавност?… Вие треба да се грижите за сите ранливи категории подеднакво, не да бидете послужавник за предизборен поткуп, обвини Василевска, зборувајќи со огромна горчина и револт.
Веднаш потоа, уште по жестоко, ги предупреди пратениците од претходната власт дека некои дела не застаруваат и нема да застарат.
Сепак, Василевска не одговори на прашањата на ,,Фокус” за повеќе детали за овој случај, но и на тоа дали своите сознанија ги пријавила во МВР.
Од одговорот кој ,,Фокус” го доби од МВР, по објавување на печатеното издание на ,,Фокус”, во полиција не е пријавено дека деца од малите групни домови биле изнесени надвор од државата.
-На подрачје на СВР Скопје до сега нема пријавено било какво кривично дело околу трговија со луѓе т.е со деца штитеници малите групни домови. Што се однесува на исчезнувањето или оддалечувањето на децата од малите групни домови, за секој настан одговорните лица на тие домови настанот го пријавуваат во полициската станица на тоа подрачје и веднаш се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и враќање во домовите при што се изготвува телеграма за потрага по децата.
Во моментот во евиденција нема ниту едно дете од мал групен дом што е изнесено од територијата РСМ.
За секоја пријава за кривично дело каде што децата се жртви од било каков карактер од страна на СВР Скопје се постапува и се преземаат сите мерки за заштита на децата, ни одговорија од Министерството за внатрешни работи.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК