По Јаневска, денеска и Трипуновски јавно го употреби уставното име на државата – Републлика Северна Македонија
10.09.2024 20:16
921 1 минута читање
По министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски јавно, на прес-конференција, го употреби уставното име на државата – Република Северна Македонија.
Говорејќи за покачувањето на цените на земјоделските производи и за тоа што Владата ќе преземе за да се намали притисокот од високите цени, Трипуновски, како што пренесе Телма, изјави:
„Ние сме во постојана комуникација со надлежното министерство за економија. Работиме на тоа како да во наредниот период правилно постапиме а со цел земјоделците да не бидат оштетени затоа што во минатото оштетена страна беа само земјоделците, а сите други имаа сериозен профит кој што беше на штета на граѓаните на Република Северна Македонија“.