Докторка од Гевгелија работела седум години – немала лиценца од Лекарската комора ниту завршен Медицински факултет
„Докторке!“. Вака ѝ се обраќале и колегите и болните во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, каде таа облечена во белиот мантил, во своите раце го држела здравјето и животот на пациентите во ковид пандемијата.
Болницата ѝ исплаќала плата за општ лекар и надоместок за одвоен живот. Но, во сето тоа навидум вообичаено секојдневие, имало еден огромен проблем: таа немала завршено Медицински факултет, туку била вработена како „доктор“ за фалсификати. Ова е приказната за А.А. (име и презиме познато на редакцијата) која од 2016 година е вработена во гевгелиската болница на работното место доктор на медицина, без да има лиценца од Лекарската комора ниту пак завршен Медицински факултет , пренесе Слободен печат.
…