Нови американски санкции против „Раша тудеј“

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека воведува нови санкции против рускиот државен медиум „Раша тудеј“ (РТ), обвинувајќи дека работи за руската армија, како и оти управува со кампањи за собирање средства со кои се финансира набавка на оружје и воена опрема за војната во Украина.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека РТ е дел од руската воена машина и напорите за поткопување на демократските сојузници на Америка.

Стејт департментот наведува дека РТ создала веб-страници кои шират дезинформации и пропаганда во Европа, Африка и на други места. Исто така тврди дека РТ ги проширила своите кибер операции со нова единица поврзана со руската разузнавачка служба.

Back to top button
Close