АНАЛИЗА: Унгарскиот заем и должничката позиција на државата

Во оваа 2024 та од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра – и по двата основи пораст на задолжувањето во однос на претходните буџетски проценки, пишува Порталб.мк. На врата на јавните финансии “тропа” Унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој според најавите од Владата ќе се трошат догодина.

Со Јавен долг кој се приближува до 9 милијарди евра и Бруто-надворешен долг до 11,8 милиони евра, државата преку законско решение обезбеди терен за новиот заем од Унгарија во износ од 500 милиони евра.

“РСМ има можност под исклучително поволни услови да обезбеди средства за буџетско финансирање и финансирање на општи цели во согласност со важечките закони, со воспоставување на посебна економска соработка со Унгарија. Целта на обезбедувањето на овој заем е унапредување на постојната и воспоставување на посебна економска соработка со Унгарија” – пишува во Предлог – законот за задолжување.

Дел од економистите веќе оценија дека овој нов заем ќе влијае врз должничката позиција на земјава. Како ќе се движи Јавниот долг и Бруто-надворешниот долг ќе зависи од износот на кредити и заеми што ќе се вратат во следниот период кон домашните и кон странските финансиери. Освен што ќе го земеме унгарскиот заем од 500 милиони евра во најава е уште едно задолжување, или кај меѓународните финансиери или повторно кај Владата на Унгарија. Целиот овој пакет на задолжувања извесно е дека ќе влијае врз состојбата со задолженоста на државата. И во ребалансираниот Буџет 2024, прв буџетски документ со потпис на новата Влада, се наведува дека Јавниот долг, како процент од БДП, ќе порасне.

“Согласно последните проекции на Министерството за финансии државниот долг на крајот на 2024 година ќе изнесува 57,1% од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 66,3%” – пишува во Буџетот.

 

 

 

Ребаланс на Буџет – приходи

 

Домашно задолжување 896 400 000 евра

 

Задолжување во странство 724 800 000 евра

 

Извор: Буџет 2024

Со ребаланс на Буџетот од домашно задолжување годинава очекува прилив во износ од 896 400 000 евра, сума која е за 250 000 000 повисока во однос на Буџетот пред ребаланс а задолжувањата од странство годинава ќе бидат во износ од 724 800 000 евра, кој исто така е повисок во однос на претходната буџетска проценка.

Јавен долг од 8,8 милијарди евра …

Бруто-надворешниот долг останува над границата од 80% од БДП. И според новите податоци на Народната банка, заклучно со првиот економски квартал вкупниот бруто долг кон странство достигна 11,78 милијарди евра или само за три месеци тој се зголемил во апсолутен износ за 118 милиони евра од кои 79 милиони евра е долг на приватниот сектор а 39 милиони евра нов државен долг. “Порталб” направи споредбена анализа за движењето на задолженоста на државата која покажа дека за прв пат бруто надворешниот долг надминува 80% од БДП во 2020 та и оваа состојба се одржува досега.

 

“Показателите за надворешната задолженост на домашната економија се во безбедната зона. Освен показателот за учеството на бруто надворешниот долг во БДП којшто и понатаму е во зоната на висока задолженост, сите останати показатели за солвентност и ликвидност упатуваат на ниска задолженост на домашната економија” – нотира НБМ во последниот Извештај.

Според податоците пак од Министерството за финансии, заклучно со првата половина од годинава, Јавниот долг надмина 8,8 милијарди евра или 60,5% од БДП. Според пресметката на “Порталб” најголем дел или 61,3% е долг кон странство додека останатите 38,7% е долг кон домашните кредитори.

 

Јавен долг ( јуни 2024)

Вкупен Јавен долг 8 870 900 000 евра

Вкупен Јавен долг 5 441 400 000 евра

Вкупен Јавен долг 3 429 500 000 евра

Извор: МФ

 

Само годинава по основ на домашен и странски долг државата треба да исплати 634 200 000 евра. Годинава доспеваат за отплата домашни обврзници со рочност од 3,5 и 10 години во износ од скоро 300 000 000 евра. Дел од новите најавени задолжувања ќе бие наменет за отплата на доспеани обврски, вклучително и Еврообврзницата во износ од 500 000 000 евра која беше издадена во 2018 та а доспева за отплата во јануари 2025 та.

Back to top button
Close