ЕСМ ќе плати четири милиони евра за струја за две недели
17.09.2024 12:09
214 Читање помалку од 1м
ЕСМ објави оглас за долгорочна набавка на електрична енергија за период од две недели, во кои на два пати авансно ќе се купува струја од добавувачи во период кога на регионалната HUPX берза има големи ценовни отстапувања, објави „Фактор.мк“.
Огласот се однесува за периодот од 18 до 30 септември. За само 13 дена се бараат 35.000 мегаватчасови електрична енергија, што досега е незапаметено да се купува толкаво количество во рок помал од две недели во летните месеци. Наскоро се очекува да бидат објавени и имињата на снабдувачите кои ќе бидат избрани.
Ако се проверат актуелните цени на HUPX берзата „ден однапред“, таму овие денови просечно мегаватчас се продава по околу 120 евра. Ако останат овие цени, тоа значи дека ЕСМ Продажба за набавката ќе плати калкулантски 4,2 милиони евра, што барем оваа година тоа не се случило ни одблиску.
ЕСМ Продажба досега купуваше струја во зимскиот период, кога цените беа многу поевтини и се движеа од помалку од 50 евра до околу 75 евра по мегаватчас. Фирмата-ќерка на ЕСМ купуваше струја и во летниот период, кога цените достигнаа и до 150 евра, но за разлика од актуелниот оглас, бараните количини беа многу помали.
Целата сторија на следниот линк