Одложена операцијата на Зоки Фаци: Хоспитализиран е, операцијата е сериозна, се чека лекарскиот тим

Одложена е операцијата на шоу-биз новинарот, Зоран Василевски-Фаци кој денеска требаше да влезе во операциона сала. Јутуберот Стефан Лазаров, кој е и негов соработик, посочува дека зафатот е многу сериозен, а потребни биле дополнителни испитувања.

„Здраво луѓе… Знам дека сите очекувате нови информации околу Зоки па да ве известам. Вчера е хоспитализиран во Систина и денес требаше да биде опериран, но поради дополнителни испитувања операцијата е одложена за наредните денови. Како што ми пренесуваат, операцијата е многу сериозна и се чека лекарскиот тим да одлучи кога ќе биде спремен“, напиша Лазаров.

Василевски требаше да биде опериран во Турција, но по направени консултации и проверки, се врати зафатот да го направи во Македонија. Тој боледува од рак, а ова ќе му биде трета операија по ред.

пренесе скопје1

Back to top button
Close