Со велосипедот удрил во пешак, тешко го повредил и побегнал
МВР информира дека вчера наутро во 07.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул. „Доне Божинов“ и ул. „Ленинова“ во Куманово, велосипед удрил во пешакот М.Н.(46) од Куманово, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница Куманово.